Арсенал го совлада Вест Хем со 2-0 и се искачи на четвртото место на табелата во Премиер – лигата кое води во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот на Микел Артета одигра одличен натпревар, а поведе со голот на Габриел Мартинели на почетокот на второто полувреме, во 48.минута.

Вест Хем во 67.минута остана со играч помалку поради исклучувањето на Владимир Цуфал, а Александре Лаказет не успеа да реализира пенал. Сепак, Емил Смит Роу во финишот постигна втор погодок и го потврди триумфот на „топчиите“.

https://twitter.com/Kevin49520997/status/1471225210099621905?s=20 https://twitter.com/IFAST29/status/1471235179834396677?s=20