Екипата на Челси одигра без голови на гостувањето кај Борнмут и остана само со една победа по првите пет кола во Премиерлигата.

Челси може да биде среќен и што не загуби бидејќи Борнмут беше сосема рамноправен, а особено во финишот создаде неколку одлични шанси по кои можеше да победи.

Мрежите мируваа, но шанси имаше и на двете страни, голманите Санчез и Нето одбранија по неколку удари.

Челси по пет одиграни натпревари има пет бода, само една победа, две нерешни и два порази.