Лидерот на табелата во Бундес-лигата, тимот на Унион Берлин, го забележа вториот пораз оваа сезона. Унион загуби со 2-1 на гостувањето во Бохум и сега има само еден бод предност во однос на Баерн Минхен.
Филип Хофман во 43.минута донесе предност за Бохум, а Герит Холтман го удвои во вториот дел.
Милош Пантовиќ во 78.минута не успеа да реализира пенал за Унион Берлин, а истиот фудбалер во судиското продолжение го постигна единствениот гол за гостите.