Трите великани на европскиот фудбал ќе ја зголемат возбудата со четири дербија во јуни и септември, како најава на Светското првенство во ноември и декември во Катар, па секоја пресметка ќе биде уживање за љубителите на фудбалот.
Пиринејска пресметка ќе има на Шпанија и Португалија во А2-групата, а битка во Бенелукс меѓу Белгија и Холандија во А4-групата. Светскиот првак Франција, која е бранител на трофејот во Лигата на нации, на хартоја ја доби „најлесната група“, зашто нема ниту еден од великаните на европскиот фудбал за противници, па Данска, Хрватска и Австрија ќе им бидат ривали на „триколорите“.
Победниците во четирите групи во елитата ќе играат на фајнлфорот за пехарот во јуни 2023 година.
Македонија во Ц-дивизијата ги доби Бугарија, Грузија и Гибралтар за противници во новата сезона 2022/23 во ова натпреварување.