Веќе во тунелот пред да излезат на теренот, Мбапе и Хакими, кои се соиграчи во ПСЖ, срдечно се поздравија и се прегрнаа, а кога почна натпреварот престанаа да се познаваат.
И двајцата имаа солидни настапи. Со оглед на пласманот во финалето, Мбапе имаше причина за славење, а Хакими остана да тагува.
Мбапе со месеци се соочува со различни критики, медиумите го прикажуваат како арогантно детиште, но потегот кон Хакими на крајот од натпреварот покажа каков човек всушност е Французинот.
Најдобриот играч на „триколорите“ го размени дресот со Хакими, го утеши, а потоа го облече дресот на мароканскиот фудбалер и им се придружи на соиграчите во славјето.