Фудбалерите на Унион Берлин славеа со минимални 1-0 на гостувањето кај Штутгарт и стигнаа до лидерската позиција во Бундеслигата по 9.коло.
Пол Јаекел беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во 76.минута. Унион сега на врвот на табелата има 20 бодови, два повеќе од Фрајбург, додека Баерн и Дортмунд имаат по 16 на третото, односно четвртото место.