Хрватска води со 2-1 по првото полувреме на дуелот за трето место на СП во Катар против Мароко.
Хрватите поведоа во 7-ма минута со убав гол со глава на Јошко Гвардиол кој со 20 години и 328 дена стана најмлад Хрват кој дал гол на Светско првенство.
Само 112 секунди подоцна, Мароканците израмнија, а Ашраф Дари влезе во историјата како прв Африканец кој дал гол на мундијалски меч за трето место.
Сепак, Хрватите на пауза заминаа со предност, благодарение на мајсторскиот погодок на Мислав Оршиќ. Погледнете каков гол даде фудбалерот на Динамо Загреб:
- Погодокот на Оршиќ против Мароко: