Фудбалерите на Шпанија со победа ги завршија квалификациите за ЕП и како првопласирани од групата А ќе одат на Европското првенство во Германија. „Црвената фурија“ на „Хозе Зориња“ во Ваљадолид триумфираше над Грузија со 3-1 (1-1).
- Шпанија – Грузија 3-1:
Шпанците дојдоа во водство уште на стартот, дефанзивецот Ле Норманд по само четири минути игра постигна гол на асистенција на Торес(1-0). Не помина многу а првата грузиска ѕвезда Квича Кварацкелија успеа да погоди за израмнување. Во второто полувреме предноста ја врати Феран Торес. Во самиот финиш, Локошвили си ја затресе сопственате мрежа, по нафрлувањето во шеснаесетникот на Ламин Јамал, за конечните 3-1.
Триумфот дефинитивно останува во сенка на повредата на Гави. Фудбалерот на Барселона поради проблем со коленото мораше да го напушти теренот во првиот дел, информациите се дека има кинење на лигаментот што значи дека оваа сезона е завршена за него.
Во трка за првото место со Шпанците беше Шкотска, која освои само бод против Норвешка (3-3) и остана на второто место.