Ромелу Лукаку е најголемиот трагичар досега на Мундијалот во Катар, откако попладнево промаши три чисти зицери буквално на празен гол, со кои можеше на Белгија да ѝ донесе триумф во дуелот со Хрватска, а со тоа и пласман во нокаут-фазата.
Напаѓачот на Интер во трите ситуации (едната ќе беше поништена од ВАР) реагираше аматерски, погодувајќи ја пречката односно додавајќи му ја топката на противничкиот голман наместо да го матира. Мечот заврши со реми без голови, кое значеше елиминација на белгиската селекција како трета во групата Ф.
Поради ова, Лукаку сиот бес го истури врз плексигласот на клупата за резерви, која буквално ја демолира, за потоа да не може да издржи па почна да плаче во прегратка на големиот Тјери Анри, кој е дел од стручниот штаб на Белгија.