Без разлика дали Зидан ќе се согласи да ја преземе клупата, клубот донел одлука за заминување на Аргентинецот Маурисио Покетино, за кој се смета дека не се снашол, а и не покажал желба за прилагодување.
Мар 10, 2022 | Фудбал
Без разлика дали Зидан ќе се согласи да ја преземе клупата, клубот донел одлука за заминување на Аргентинецот Маурисио Покетино, за кој се смета дека не се снашол, а и не покажал желба за прилагодување.
Домашната титула на ПСЖ не му значи многу, со оглед на вложувањата во клубот.
Спортскиот директор Леонардо синоќа по натпреварот демантираше дека Покетино ќе биде сменет до крајот на сезоната, најави анализа на се што се случи и рече дека проектот се уште постои. Но, сепак, директивите за промена на тренерот во ПСЖ доаѓаат директно од Доха.
Медиумите во одреден дел и го штитат аргентинскиот стратег, признаваат дека тој е заробеник на туѓи одлуки, затоа што има огромен притисок во тимот да играат заедно Меси, Нејмар и Мбапе, а во таков случај ПСЖ го нема потребниот баланс во средниот ред и во одбраната.
Доколку Зинедин Зидан не прифати, една од опциите за нов тренер на ПСЖ е Марсело Гаљардо, тренерот на Ривер Плата, кој го знае јазикот, играше во Франција, но засега тоа е само претпоставка.
ПСЖ најавува големи промени и во играчкиот кадар, а наводно не е сигурен ниту Лео Меси. Речиси сигурно ќе си заминат Икарди, Херера, Ди Марија, Паредес, Вајналдум, Дагба, Курзава, Керер, Дракслер и Мбапе, кој сака да го напушти „Паркот на принцовите“ и најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.