Наполи славеше со минимални 1-0 против Специја во рамки на 6.коло и го остави тимот на врвот на табелата во Серија А.

Херој на домашните беше Џакомо Распадори, кој погоди во 89.минута од средбата. Елиф Елмас беше стартер кај Лучијано Спалети, но не го одигра целиот натпревар односно излезе од игра во 75.минута.

Наполи е привремен лидер на табелата со 14 бодови, еден повеќе од Аталанта, која утре игра против Кремонезе.