Рајо Ваљекано стигна до вториот триумф во Ла Лига оваа сезона, откако на домашен терен ја совлада Валенсија со 2-1. Исак Палазон во петтата минута донесе водство за домашниот тим, а во второто полувреме Нико Гонзалез си постигна автогол.
Малку недостигаше Столе Димитриевски да има мирна мрежа, но во судиското продолжение погоди Муктар Дијакаби. Сепак, бодовите останаа за Рајо.