Големото дерби меѓу Динамо Загреб и Риека заврши со победа на гостите од 3-1, па така тие обезбедија место во полуфиналето на хрватскиот Куп.

Риека со два гола преку Обрегон и Дрмиќ го преземаа водството (2-0) до 29. минута од натпреварот, по што Динамо доминираше на теренот, но до првиот гол на мечот ја чекаа 73. минута. Додека во завршницата Муриќ погоди за конечни 3-1.

За Динамо настапија Стефан Ристовски и Аријан Адеми, a за Риека цел натпревар го одигра Дарко Велковски.

Велковски и неговите колеги во полуфинале ќе се соочат против Горица, додека во второто полуфинале ќе играат Осијек и Хајдук.

https://twitter.com/AboutHnl/status/1466105413229756427?s=20
https://twitter.com/AboutHnl/status/1466127178144305159?s=20