Андер Херера организираше роденденска прослава по саботниот натпревар на ПСЖ против Стразбур.
На фотографијата од забавата, која ја објави на Инстаграм и под која напиша „Благодарам, одличен тим“, се најголемиот број од играчите на ПСЖ.
Серхио Рико, Вајналдум, Ахраф, Данило, Бернат, Рафиња, Икарди, Верати и Меси стојат, додека клечатСерхио Рамос, Кејлор Навас, Ди Марија, Нејмар и Паредес.
Навивачите и новинарите на ПСЖ веднаш забележаа дека Килијан Мбапе не е меѓу гостите и истакнаа дека ова е ново во серијата докази дека заминува.
Веројатно најдобриот млад (22) фудбалер во светот, кој дојде во ПСЖ од Монако пред три години со компензација од 180 милиони евра, во минатата година одби голем број понуди од клубот за продолжување на неговиот договор, кој завршува следното лето, и цело време флертуваше со Реал.
Тој рече дека ќе остане во ПСЖ доколку таму се формира тим со кој ќе ја освои Лигата на шампионите.
Претседателот Ал-Келаифи за време на презентацијата на Лео Меси му рече дека сега нема повеќе изговори и дека клубот го направил тоа што го барал.
Сепак, Мбапе се уште нема потпишано нов договор, а Ливерпул се вклучи во борбата за него.
Затоа навивачите на ПСЖ ја исвиркаа младата суперsвезда на саботното претставување на новиот тим.