Градското дерби и најголемиот натпревар на српскиот фудбал во 8. коло не донесоа победник. Партизан и Црвена звезда одиграа 1: 1.Гостите подобро го отворија мечот, имаа неколку добри шанси, во 31. минута Катаи со глава ја погоди пречката.

Финишот на првиот дел им припадна на Црно -белите, кои поведоа во 36. минута со одличниот гол на Нач. Израелецот погоди прекрасно од работ на шеснаесетникот.

На почетокот на второто полувреме, поради сомнителен фаул, голот на Рикардо беше поништен, а Црвена звезда израмни во 83. минута.

По серијата пропуштени можности, Катаи конечно ја затресе мрежата. Остатокот од натпреварот не донесе никакви промени во резултатот.