Осман Дембеле секој ден е се поблиску до заминување од Барселона, објави каталонскиот Мундо Депортиво.
Францускиот фудбалер има договор до крајот на сезоната и за 35 дена може слободно да почне да преговара со други клубови. „Мундо Депортиво“ пишува дека фаворит за негово доведување е Њукасл, клуб кој неодамна доби саудиски сопственици и стана клуб со најбогати сопственици во светот.
„Дембеле веќе ја има на маса астрономската понуда на Њукасл, понуда која Барселона не може да ја исполни. Му нудат 15 милиони евра годишно, уште 15 милиони доколку дојде во јуни како слободен играч и му понуди провизија на својот агент. Дембеле изгледа си заминува“, пишува Мундо Депортиво.
Дембеле беше донесен во Барселона пред четири години од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра, а повеќе време поминуваше во болниците во Каталонија отколку на теренот. Како резултат на тоа, неговата вредност падна на околу 50 милиони евра.
“Новиот тренер на Барселона Чави се обидува да го убеди Дембеле дека би бил важен играч во Барселона доколку го продолжи договорот и дека може да стане најдоброто крило во светот. Дембеле и луѓето околу него мислат дека заминувањето е подобра опција”. додаде Мундо Депортиво.
За Барселона, 24-годишниот Дембеле одигра 120 натпревари и постигна 30 гола со 21 асистенција. За него е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но и тој великан во моментов не може да се избори со супербогатиот Њукасл.