Дуелот од 14. коло помеѓу Атлетико Мадрид и Мајорка го реши Антоан Гризман, кој постигна ефектен гол со глава со кој ги израдува навивачите на „Ванда Метрополитано“.

 

Првото полувреме не го одбележаа многу шанси, по што Атлетико почна да се буди во вторите 45 минути а единствениот гол го постигна Гризман на средината на вториот дел.

Тимот на Диего Симеоне е трет во првенството на Шпанија со 31 бод, односно три помалку од лидерот Жирона.