Тео Ернандез беше херојот за „росонерите“, откако во 47. минута од пенал ја погоди мрежата на Фиорентина и му донесе три бода на Милан.
Милан е трет во Серија А со 26 бодови, односно три помалку од Јувентус и пет бода негатива во однос на лидерот Интер.
Историски момент се случи во 83. минута, бидејќи најмлад играч кој заиграл во Серија А стана 15-годишниот напаѓач Франческо Камарда.
Во недостиг на други опции, ова младо момче од Примавера доби повик во првиот тим. Камарда доби овации при влегувањето на терен и десетина минути за настап, а со 15 години, осум месеци и 15 дена влезе во историските книги.