Англичанецот Мејсон Гринвуд се обидува да се врати на вистинскиот пат кога е во прашање фудбалот, па така оваа сезона игра за шпанскиот прволигаш Хетафе што дефинитивно е идеална средина за него по се што мина во изминаитве години.

https://twitter.com/i/status/1728499671243411568

Гринвуд веќе покажува знаци на будење, беше автор на еден фантастичен гол во дуелот со Алмерија. Тој испрати неодбранлив проектил за 1-1 во 33 минута со што го најави пресвртот со оглед на тоа што Мајорал во 45 погоди за 2-1 што на крајот се покажа како конечен резултат.Инаку Гринвуд има 2 гола и 3 асистенции во Примера и 2 погодоци на еден натпревар во Копа Дел Реј.

https://twitter.com/i/status/1728482278492283286