Фиорентина ја прекина лошата серија во Серија А, и ја запиша својата прва победа на гостувањето во Верона (3-0), со што го остави ривалот закован во опасната зона, а „виолетовите“ влегоа во мирни води со плус 11 од позициите за испаѓање.
Антонин Барак и Артур Кабрал со головите во 12-та и 38-та минута од натпреварот го решија прашањето за победникот, за во 89-та Кристијан Бираги само со трет гол да ја завери победата
Фиорентина го запиша седмиот триумф сезонава, после кој дојдоа до 28 бода на 12-то место, сега со 11 повеќе од Верона која е прва во триото во зоната за испаѓање.
За Верона ова е 15-ти сезонски пораз и остана трета одзади со 17 бода, но сѐ уште во тесна трка за опстанокот, зашто Специја е на само три бода пред нив, а Салернитана на достижни четири бода.