Лацио ја совлада Сампдорија со 1-0 на „Олимпико“ и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А со 45 бода, еден повеќе од градскиот ривал Рома.
Луис Алберто беше стрелец на победничкиот гол за „лацијалите“ во 80.минута. Тој постигна маестрален гол и го разби бедемот на Сампдорија.
Сампдорија, пак, со 17-от пораз сезонава остана претпоследна, чекор поблиску кон Серија Б, само со 11-те бода, девет помалку од Специја која е прва во сигурната зона.