Литванскиот ултра-маратонец, Александар Сорокин, го подобри сопствениот светски рекорд, откако претрча 318,8 километри во 24 часа со што триумфираше на Европскиот шампионат во Верона.
Со ова, тој го подобри претходниот најдобар резултат за десет километри, а да истрчаше уште толку ќе успееше да ја мине сопствената татковина од најдалечната точка на север до најдалечната на југ.
„Ептен сум уморен, но затоа сум и двојно повозбуден. Многу сум им благодарен на сите за поддршката“, објави Сорокин на социјалните мрежи.
Сорокин (40 години) е и светски рекордер на трката на 12 часа, период во кој успеал да претрча 177,4 километри. Второто место на трката на ЕП го зазеде Полјакот Анжеј Пјотровски со претрчани 301,8 километри , а трет беше Италијанецот Марко Визинти со 288,4 километри. Во женска конкуренција победи Патриција Березновска од Полска со 256,2 км.