Страшна несреќа, која се случи веќе во првиот круг, ја одбележа трката во Формула 2 за Големата награда на Британија.
Денис Хаугер и Рој Нисани се судрија веќе на стартот на трката на патеката во Силвестрон, кога болидот на Хаугер излета и заврши на Нисани, кој беше спасен од „ореолот“ на болидот.
При влегувањето во кривина, двајца возачи дошле во контакт, Хаугер изгубил контрола и излетал од патеката, а потоа удрил во тротоарот и „полетал“, токму во моментот кога Нисани излегувал од свиокот, удирајќи во горниот дел од неговиот автомобил.
Меѓутоа, „ореолот“ во оваа ситуација го спасил Нисани, бидејќи овој дел околу неговата глава спречил можни трагични последици.
Благодарение на тоа и двајцата излегле од возилата без поголеми повреди.
Слична ситуација беше забележана и во Формула 1, на трката во Монца каде болидот на Макс Верстапен заврши на главата на Луис Хамилтон.
https://twitter.com/_DerBiechtvader/status/1543526162424631298?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1543526162424631298%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fostali-sportovi%2F3965283%2Fsudar-incident-trka-formula-2-denis-hauger-roj-nisani