Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ги договорил условите за преселба во Барселона, а на својот агент Жорге Мендеш веќе му кажал дека сака да игра во Каталонија. И покрај желбата на играчот, голема пречка во договорот би можел да биде договор за обештетување меѓу клубовите.
Имено, Силва минатата сезона постигна 13 и намести седум гола, а Гвардиола го смета за исклучително важна алка во неговиот систем. Договорот со актуелниот шампион на Англија го обврзува за уште три години и, според шпанските медиуми, Сити бара отштета од 100 милиони евра. Барселона засега е подготвена да издвои шеесет.