Арсенал го совлада шампионот Манчестер Сити на пенали (4-1) и го освои „Комјунити Шилд“. Тимот на Микел Артета беше во негатива, но успеа да израмни во судиското продолжение, во 101.минута со голот на Леандро Тросар, кој шутираше кон голот на Сити, топката го погоди Аканџи и го промени правецот во небранетиот дел. Потоа на пенали Арсенал беше многу поуспешен од „граѓаните”.
Манчестер Сити поведе во 77.минута со прекрасниот гол на тинејџерот Кол Палмер кој со прекрасен удар од работ на казнениот простор ја затресе мрежата на Рамсдејл. Сепак, составот на Пеп Гвардиола не успеа да издржи и да го сочува водството.