Интер Мајами на пенали победи кај Далас и се пласира во четвртфинале  од Лига Купот, натпреварот во регуларниот дел заврши 4-4.

Шоуто почна во шестата минута кога по асистенција на Алба, Меси даде убав гол за водство на Интер Мајами од 1-0.

Следуваа три гола на Далас, а стрелци беа Куигон, МКамунго и Веласко за предност од 3-1 на домаќините.

Кремасчи намали на 3-2 во 65. минута, но само три минути подоцна Тејлор си постигна автогол и Далас ја врати предноста од два разлика, беше 4-2.

Се чинеше дека домаќините ќе победат, но во вистинска холивудска завршница на сцената настапи шоуменот Меси. Во 80. минута по негов центаршут Фарфан си даде автогол, а пет минути подоцна Аргентинецот постигна прекрасен гол од слободен удар за 4-4.

На пенали погодија од Интер Мајами, Меси, Бускетс, Камана, Милер и Кремасчи. Далас промаши еден пенал и загуби.

Интер Мајами во четвртфиналето го чека подобриот од мечот меѓу Шарлот и Хјустон Динамо.

 

 

На пеналите сите погодија од Интер Мајами, Меси, Бискетс, Камана, Милер и Кремасчи. Далас промаши еден пенал и загуби.

Интер Мајами во четвртфиналето го чека подобриот од мечот меѓу Шарлот и Хјустон Динамо.