Анис Бен Слимане го избра дресот на Тунис и во вторник ќе игра против родната Данска на својот прв Мундијал.
Бен Слимане рече дека има намера да се докажува како играч, „без страв и жалење“.
„Многу е чудно. Но, да бидам искрен, им кажав на моите пријатели, на сите околу мене дека ако одиме на Светското првенство, ќе ја добиеме Данска на ждрепката“, изјави Слимане во изјава за Франс прес.
Играчот од средниот ред се опишува себеси како дански навивач „секој ден освен денес“.
Слимане, роден во Копенхаген од родители од југот на Тунис, има двојно државјанство и доби повик од Фудбалската федерација на Тунис пред две години.
„Играв со играчите до 19 години за Данска, се помина добро и бев многу среќен, а потоа одеднаш добив повик од федерацијата на Тунис“, изјави Слимане, 21-годишно момче, висок 188 сантиметри.
Играчот кој ќе дебитира на еден голем настан повтори дека е изненаден што туниската федерација го сака.
Слимане изјави дека сака да им оддаде почит на своите родители со настапот во дресот на Тунис и додаде дека тоа е најголемиот сон на неговите родители.