Фудбалерите на Англија одлично го започнаа натпреварувањето во Катар, но некои навивачи се очајни.
Пред се затоа што од бизарни причини не успеаја да ја видат победата над Иран во групата Б од 6:2 (3:0).
Проблемот настанал во подигањето на електронските билети, па се случило многумина да останат без билети иако уредно ги платиле!
„Патувавме сè до Катар за да гледаме неколку натпревари на Англија. Резервиравме билети, плативме по 150 фунти, плус уште 800 фунти за авионските билети. Билетите штотуку исчезнаа“, се пожали еден навивач на Гордиот Албион.
Тој додаде дека на стадионот дошол три часа пред почетокот на натпреварот, но дека се било залудно.
“Никој ништо не ни кажа. Нема известувања. Луѓето велат дека можете да влезете ако имате билети . Но, нема официјално известување. Еве не, најголемото фудбалско шоу во светот, едноставно брилијантно”, рече друг мавивач на Англија саркастично.
Третиот добил информација дека системот на апликацијата Хаја е целосно паднат.
„Имав билет за натпреварот, но тикетот воопшто не се чита на апликацијата Хаја, бидејќи системот е паднат, ни кажува дека воопшто нема начин да пристапиме до апликацијата. Сите овде го имаат истиот проблем. ”
Повеќето билети за натпреварот се електронски и до нив се пристапува преку Digital Haya Card – картичка потребна за сите странци кои влегуваат во Катар. Се користи и за резервирање билети и сместување.
Навивачите на Англија добија мејл од ФИФА со QR код кој на крајот би им овозможи да влезат на стадионот.
ФИФА призна дека има проблем со нивната апликација и тие работат на нејзино поправање.
Затоа ги замолија навивачите да ги проверат мејловите и пристапот до мобилните билети, а доколку не можат да го направат тоа, да отидат на дежурното место на стадионот за да ги решат проблемите со билетите.