Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго ги откри зборовите со кои хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го испровоцира Мохамед Салах откако кралскиот клуб го победи Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите и ја освои 14-та титула во ова натпреварување.
Реал славеше со голот на Винисиус во вториот дел, а иако Ливерпул имаше многу повеќе од играта како и подобри шанси во 90 минута, на крајот херој на шпанскиот тим беше голманот Куртоа кој ги запре обидите на тимот од Енфилд во неколку наврати.
Како што пред финалето најави одмазда за поразот од истиот тим во 2018 година во финалето на Лигата на шампионите, Салах мораше да се соочи со своите зборови и најави по уште еден загубен натпревар, што во еден момент го искористи Модриќ и го „спушти на земја“.
Додека играчите на Ливерпул одеа по медалите наменети за поразениот тим, Модриќ му дофрлил една реченица на Салах, а сето тоа го откри Родриго.
„Морам да ви кажам една интересна ситуација по финалето. Фудбалерите на Ливерпул поминаа покрај нас, Салах беше разочаран, а Модриќ беше пред него, тој го поздрави и му рече: „Во ред, во ред, обидете се повторно следниот пат…“. Буквално умрев од смеење“, откри играчот на Реал.
Модриќ пристигна во Реал пред десет години од Тотенхем и со кралевите освои 19 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите.
Неодамна го продолжи договорот на уште една година, а рече дека продолжува со истиот ентузијазам и желба што го имал од првиот ден.