Кошаркарите на Реал поведоа во финалето на шпанското првенство (2:1) по победата над Барселона со резултат 81:66.
Избраниците на Пабло Ласо поведоа во текот на првата четвртина, предност која не ја испуштија до крајот, а клучна беше третата четвртина, на крајот од која натпреварот беше решен во корист на Мадриѓаните.
Во последниот дел влегоа со 13 поени предност, а потоа зголемија на максимални 19 и го доведоа натпреварот во сигурна завршница.
Реал до победата го предводеше Габриел Дек со 14 поени предност, пет скока, а поен помалку додаде Фабијан Козер. Двоцифрени беа и Серхио Љуљ и Валтер Таварес со по 10 поени.
На спротивната страна најефикасен беше Кајл Курик со 15 поени, а двоцифрен беше уште само Ник Калатес со 10 поени и шест асистенции.
Следниот натпревар од финалната серија се игра во недела од 18 часот и 30 минути.