Хјустон Рокетс го пречека Сан Антонио на 9 декември 2004 година, како дел од регуларниот дел од сезоната на НБА лигата. Никој не се надеваше дека овој натпревар ќе биде запишан во историјата на кошарката.
Домаќинот по голем пресврт славеше со резултат 81:80. Сан Антонио Спарс имаа осум поени предност на 35 секунди до крајот на натпреварот (76:68), а потоа на сцена стапи неверојатниот Трејси Мекгрејди.
Американскиот кошаркар за нешто повеќе од половина минута постигна дури 13 поени и со тоа го „порази“ тимот на славниот Грег Поповиќ.
Во текот на кариерата Мекгрејди играше за Торонто Репторс, Орландо, Хјустон, Детроит, Атланта, Чингдао Иглс, а кариерата ја заврши во Сан Антонио.
Трејси играше на седум Ол-стар натпревари, а беше и репрезентативец на САД.