До прва победа во второто коло стигна екипата на Олимпија Милано во новата сезона од италијанскиот шампионат.

Миланезите славеа со убедливи 100-75 на свој терен против екипата на Сасари, а Ненад Димитријевиќ имаш свој удел во првиот успех во новата првенствена сезона.

За 18 минути поминати на теренот, македонскиот репрезентативец реализираше 10 поени (4/6 за два поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања), имаше и шест асистенции, пет скока и три освоени топки за највисоки индекс во тимот на Еторе Месина – 23.

Олимпија Милано загуби на стартот на Евролигата, откако во четвртокот потклекна пред Монако со 82-70.