Литванецот Домантас Сабонис продолжува со фантастичните игри сезонава во НБА, откако во порот на неговиот Сакраменто кингс на гости кај Бостон селтикс (100-101) дојде до 60. дабл-дабл учинок по ред, а вкупно 73-ти сезонава.
Синот на легендарниот Арвидас Сабонис со ова го урна рекордот на еден од најдобрите центри во историјата, Хаким Олајџувон, пред пред нешто повеќе од три децении имаше 72 вакви остварувања. Домантас средбата ја заврши со 16 поени и исто толку скокови, што не беше доволно да се спречи триумфот на „келтите“, кои со скор 61-16 веќе го обезбедија епитетот најдобар тим во лигата пред почетокот на плејофот.
Играч на вечерта, пак, во синоќешната програма во НБА лигата беше Пи-Џеј Вашингтон од Далас маверикс, кој постигна 32 поени, вклучувајќи го и кошот за победа во дуелот против Голден Стејт вориорс (108-106). Кај „телињата“ го немаше Лука Дончиќ, но тие и без првиот стрелец во НБА дојдоа до 13-тата победа на последните 15 натпревари. Далас по овој дуел има биланс 4-6 на средбите на кои Дончиќ не беше во тимот.
За одбележување е и победата на кошаркарите на Торонто репторс на гости кај Милвоки бакс (117-111) со што ставија крај на црната серија од 15 порази по ред. Кај Бакс го немаше лидерот Јанис Адетокумбо и гостите го искористија неговото отсуство.