Повеќекратниот најдобар „шести играч“ на НБА лигата, Џамал Крафорд и официјално ја заврши својата професионална кариера.
„Збогум на играта, на мојот плен, на напливот на адреналин“, го цитира Крафорд раперот Џеј Зи во својата објава на Твитер и порача: „Ти благодарам кошарко, ти должам сè“.
Крафорд трипати беше прогласуван за шести најдобар играч во лигата, што го прави единствениот во историјата заедно со Лу Вилијамс.
Меѓу другото, тој ќе остане запаметен како рекордер во НБА лигата по број на 3 + 1 акции со 54 во регуларниот дел и пет во плејофот.
Во својата долга кариера се наметна како еден од највештите дефанзивци во историјата на лигата, а заштитен знак му беше незапирливиот „кросовер“ дриблинг.
Играше за дури девет екипи – Булс, Никс, Клиперс, Хокс, Тимбервулфс, Санс, Трејл Блејзерс, Вориорс и на крајот Нетс.
Во НБА кариерата имаше просек од 14,6 поени со 3,4 асистенции и 2,2 скока на 1.327 натпревари, од кои само 433 стартуваа во стартната петорка.
Тој го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата во дресот на Феникс кога како 39-годишен против Далас постигна 51 поен.
Потоа стана најстариот играч кој постигнал повеќе од 50 поени на натпревар во НБА и првиот играч кој постигнал најмалку 50 поени во натпревар за четири различни тимови.
Дополнително, тие 51 поен беа рекорден учинок за резервист. Тој е вториот играч во историјата кој постигнал повеќе од 10.000 поени како резерва.