Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс одигра брилијантен натпревар и донесе голема победа за Париз во полуфиналето на плејофот во Франција. Ова беше победа со која неговиот тим се избори за мајсторка во дуелот со Асвел.
Гостите се изборија за триумф по дополнителните пет минути со 103:98 а победникот можеа да го решат и во регуларниот дел, но попушти концетрацијата во самата завршница во која домаќините водени од публиката се извлекоа од дупката во која беа и го однесоа мечот во продолжение со кошот на центарот Ловерњ (87:97).
https://twitter.com/i/status/1796288320495858027
Шортс беше незадржлив со 34 поени на кои придодаде и неверојатни 13 асистенции, но и 4 скока. Најголемата помош ја доби од Ворд со 17 кошеви, додека Ндиаје за поразените беше автор на 25 поени.
https://twitter.com/i/status/1796294395911639300
Париз во петтата решевачка средба ќе биде домаќин, а ако избори финале таму ќе го чека Монако.