Екипата на Барселона неодамна потврди дека Ханси Флик ќе биде нов стратег на клубот, иако сè уште не го регистрирала поради финансиските проблеми, но претседателот Жоан Лапорта веќе почнал со реализација на неговите желби за засилувања.
Флик ќе им даде шанса на младите фудбалери како што се Ламине Јамал и Хектор Форт, Кубарси,но планира и да донесе двајца Германци и еден Шпанец како освежување за каталонскиот гигант.
Медиумите пишуваат дека Флик сака да ги ангажира Флоријан Вирц од Баер Леверкузен и Џошуа Кимих од Баерн Минхен, но на листата со желби бил и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.