Бохум на гостински терен успеа да го победи Келн со 0:2. Со тоа гостите освоија големи и значајни три бода во битката за опстанок, па барем за момент побегнаа од опасната зона на табелата.
Бохум рано поведе и тоа уште во 9.минута со голот на Штогер од пенал. Следуваа акции и агресивна игра на домашниот состав, но гол за израмнување немаше.Напротив, имаше гол во нивната мрежа и тоа по вторпат, стрелец беше Машовиќ во 76.минута за 0:2.