Француската суперѕвезда Карим Бензема кој во понеделникот ја доби најпрестижната награда, „златната топка“, ја донесе денеска на тренинг на „кралскиот клуб“ заедно со Тибо Куртоа кој ја имаше наградата за најдобар голман, па целиот тим се сликаше со најдобриот за 2022 година.
Но, хит беше Уругваецот Федерико Валверде кој со погледот кон „златната топка“ додека беше на тревата делуваше како да ќе ја „изеде“. И не требаше долго сликата на Валверде да се спореди со таа на Бензема пред четири години, кога од заднина го гледаше Кристијано Роналдо со неа, па потоа ја освои и многумина сега веруваат дека Валверде во следните години може да дојде до најпрестижната награда.