До почетокот на Светското првенство (СП) во Катар остана малку повеќе од еден месец, а селекторите на дел од репрезентациите веќе се соочуваат со проблеми затоа што не може да сметаат на дел од нивните ѕвезди поради повреди.
Последен во серијата повредени фудбалери е Диого Жота кој најверојатно ќе беше стартер за португалската репрезентација, меѓутоа дуелот против Манчестер сити му донесе повреда која скапо ќе го чини.
Очигледно во Англија е најжесток ритамот на фудбал, па поради тоа испаднаа и двајца фудбалери на Челси за Мундијалот, а тоа се Н’Голо Канте кој нема да игра за Франција, како и Рис Џејмс кој поради повреда на коленото најверојатно нема да заигра за Англија.
На турнирот во Катар нема да играат ниту Роналд Араухо за Уругвај, Марко Ројс за Германија, Артур за Бразил, Раул Хименез за Мексико, Калвин Филипс за Англија и уште неколку други, а неизвесни се и Анхел Ди Марија и Пол Погба.
До почетокот на турнирот има уште малку повеќе од еден месец, како и густ распоред на натпревари, а селекторите на репрезентациите кои ќе играат на СП ќе треба да се молат да не останат без уште некој играч.