Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во Абу Даби во пресрет на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија, кој е закажан за в сабота, со почеток во 16.30 часот по македонско време. Селекторот Благоја Милевски овојпат на располагање има селекција составена од фудбалери од домашното првенство, надополнета со „саудиецот“ Дарко Велковски и со Кристијан Тошевски.
Ќе биде тоа добра шанса за новите фудбалери да докажат дека имаат квалитет да се наметнат и за претстојните квалификации за ЕВРО 2024.