Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е подготвен да му се врати на фудбалот по половина година и срцевиот удар што го доживеа на Европското првенство.
Ериксен беше играч на Интер до петокот, но поради строгите правила во Италија во однос на играчите кои имаат проблеми со срцето, дојде до разделба.
Веднаш се појавија шпекулации дека Данецот би можел да се врати во Ајакс, клубот во кој ја започна својата професионална кариера, но „копјаџиите“ се уште не се заинтересирани.
Но, Ериксен нема да ја заврши кариерата, што го потврди и неговиот менаџер, велејќи дека два неименувани клуба веќе го контактирале.
Оваа информација ја објави Фабрицио Романо, а ѕвездите брзо се најдоа на таа објава.
Навивачите на Звезда масовно започнаа за пишат на социјалните мрежи и да пробат да го убедат Данецот за да потпише за шампионот на Србија, а често се појавуваат и познати натписи „Терзиќ, реагирај“, и се обраќаат до генералниот директор на клубот.