Барселона одигра само реми 1-1 на гостувањето во Франкфурт во првиот меч од четвртфиналето во Лига Европа, а еден Македонец со македонското знаме стана вистински хит, откако каталонската гордост го објави момчето како прославува во секторот на гостинските навивачи.
Сѐ почесто македонски навивачи со националното македонско знаме може да се сретнат во првите редови во гостинските навивачки сектори на европските великани, па така и овој Македонец кој на оградата го вееше знамето на Македонија меѓу навивачите на Барселона. И не само што го виореше нашето знаме , туку неговиот навивачки слоган „ тика така, тика така, оле оле…” го прифати и торцидата на Барса.