Причина за желбата за реванш е фактот што Египќанецот беше повреден во финалната пресметка на овие две екипи во 2018 година во Киев, кога многумина сметаа дека Серхио Рамос бил прегруб во стартот поради кој предвреме го заврши мечот. Шпанскиот ветеран, кој сега игра за ПСЖ, сигурно не сакал намерно да го повреди, но факт е дека беше премногу невнимателен што скапо го чинеше не само фудбалерот туку и неговиот тим.
„Желбата за одмаздата ми е секојдневно во главата уште од 2018 година. Сепак, ова не се никакви лоши мисли за Реал Мадрид, кој е неверојатен тим“, изјави Салах пред финалето.
Во финалето пред четири години во украинската престолнина, Реал Мадрид славеше со убедливи 3-1.