Фиорентина е блиску до следната рунда во Конференциската лига на УЕФА откако ја декласира на гости Брага со 0-4. Лука Јовиќ донесе водство во 45.минута, а на почетокот на вториот дел Брага остана со фудбалер помалку откако црвен картон доби Тормена.
Лука Јовиќ постигна втор гол во 60.минута, а до крајот и Артур Кабрал беше двоен стрелец.
Трабзонспор го победи Базел со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Јенс Стригер Ларсен во 65.минута, а Енис Барди остана на клупата за резерви.
Карабах славеше против Гент со 1-0, а Бодо-Глимт и Лех Познањ ремизираа без голови.