Барселона и Манчестер јунајтед во возбудлив натпревар, одиграа без победник (2-2) на „Камп Ноу“ во првиот меч од нокаут-фазата во Лига Европа.
„Црвените ѓаволи“ имаа шанса во 28. минута преку Вегхорст кој излезе сам пред голманот Марк-Андре Тер Штеген, меѓутоа не успеа да го матира, а потоа Маркус Рашфорд имаше одлична шанса до крајот на првиот дел, но и тој удар беше одбранет од чуварот на мрежата на каталонскиот гигант.
Барселона прва дојде во водство, и тоа во 50. минута преку Маркос Алонсо кој погоди со глава по корнерот на Рафиња за 1-0, но само три минути подоцна Рашфорд израмни на 1-1. По акцијата на Рашворд, несреќниот Жил Кунде со автогол донесе пресврт за англискиот гигант (1-2).
Каталонскиот гигант тргна по спас во продолжение од средбата, а Рафиња во 76. минута го матира Давид Де Хеа и така обезбеди реми за Барселона (2-2).
Шахтјор Доњегк го победи Рен со 2-1, а Салцбург славеше против Рома со 1-0, со голот на Николас Капалдо во 88.минута.
Ајакс и Унион Берлин ремизираа без голови.