Баер Леверкузен на Чаби Алонсо продолжува со победите и не знае да запре. „Фармацевтите“ на домашен терен го демолираа Бохум (4-0) и како лидери ќе ги минат новогодишните празници во Бундеслигата.
Баер го игра најдобриот фудбал, а перфектно го одигра и овој натпревар. Чешкиот интернационалец Патрик Шик имаше свое шоу со хет-трик во првото полувреме, а во вториот дел Бонифаче стави точка на победата на Баер Леверкузен кој се уште не знае за пораз сезонава.
Зад лидерот Леверкузен е Баерн Минхен, кој предводен од ветеранот Томас Милер пронајде решение за Волфсбург (1-2). Милер потпиша нов договор со клубот, а имаше две асистенции за Мусиала и Кејн. Единствениот гол за „волците“ од Волфсбург беше дело на Арнолд.
Победи остварија и Штутгарт против Аугсбург (3-0), Хајденхајм против Фрајбург (3-2). Германското првенство продолжува во средината на јануари.