Килијан Мбапе вчера наполни 25 години, а на крајот натпреварот против Мец го заврши со два постигнати гола.
Францускиот првак ПСЖ оствари сигурна победа од 3:1 пред се благодарение на својот најдобар играч, кој режираше и ремек-дело за водство од 2:0 во второто полувреме.
Мбапе испрати неверојатен шут од колено и топката доби неправилен и импресивен лет, а погодокот беше уште поефектен бидејќи топката се одби и од гредата.
Повторената снимка најдобро ја доловува техниката која ја употреби Килијан во оваа ситуација и мајсторијата брзо стана најкоментирана тема во Франција, а вчерашниот ден беше посебен за Килијан и поради неговиот брат.
Етан Мбапе на 16 години дебитираше за ПСЖ во самата завршница, па така овој натпревар на „Паркот на принцовите“ помина во знакот на семејството Мбапе.
https://twitter.com/i/status/1737739368264045033