Столе Димитриевски македонскиот репрезентативен голман бранеше за Рајо Ваљекано во ремито (1-1) против Валенсија. Домаќинот не успеа да ја прекине низата без победа, но важно е и што не загуби откако Валенсија дојде во водство.
Карлос Солер во 57.минута донесе предност за Валенсија, а резултатот го израмни Серхио Гвардиола во 83.минута од дуелот.