Италијанските власти запленија имот од околу 105 милиони евра на Сардинија во сопственост на Никита Мазепин и неговиот татко .
Станува збор за 23-годишен руски Формула 1 возач, до неодамна возач на тимот на Хаас, а заплената се однесува на вила позната како ‘Камениот Овен’ која се наоѓа на северот на островот.
Никита Мазепин беше отпуштен од американскиот Ф1 тим во март и оттогаш е под санкции од италијанските власти бидејќи Европската унија, како и неговиот татко Дмитриј, го гледаат како помошник на рускиот претседател Владимир Путин.
„Не се согласувам со санкциите и претходно кажав дека имам намера да се борам против нив. Ова е вистинско време за такво нешто, бидејќи ако се погледне целата ситуација и се што се случува со руските спортисти, тоа е како културата на мојата земја да биде откажана“, рече Мазепин за Би-Би-Си.
Дмитриј Мазепин важи за член на најтесниот круг пријатели на Владимир Путин, а менаџерот на Ф1 возачот немаше коментар за целата ситуација.
Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, Британија, Европската унија и САД воведоа санкции за руските олигарси блиски до режимот на Владимир Путин, запленувајќи вредни средства и блокирајќи ги нивните сметки.