Во годината во која НБА го слави 75. роденден реши да ги избере двете најдобри европски селекции, а во втората петорка свое место најдоа и легендарните хрватски репрезентативци Дражен Петровиќ и Тони Кукоч.
На изборот учествуваа навивачи на НБА и стручно жири, а комбинацијата на нивните гласови одлучи дека најдобрата НБА петорка во изминатите 75 години составена од европски играчи се Гркот Јанис Антетокунмпо, Словенецот Лука Дончиќ, Шпанецот Пау Гасол, Германецот Дирк Новицки и Французинот Тони Паркер.
Во втората петорка избрани се хрватските кошаркари Дражен Петровиќ и Тони Кукоч,а заедно со нив место најдоа и легендарниот литвански центар Арвидас Сабонис и двајцата српски кошаркари Пеѓа Стојаковиќ и најдобриот минатосезонски играч од основниот дел од сезоната во НБА, Никола Јокиќ.
Највисок процент на гласови од сите европски кошаркари доби Дирк Новицки (18,8%), а втор беше Јанис Антетокунмпо (14,1%).